Специјализираниот центар за странски јазици и преводи ВИСЕН ШУЛЕ е основан во 2013 година од група искусни професори и преведувачи по странски јазици. Повеќе информации за нашиот тим.
Што нудиме:
Се нудат курсеви по германски јазик за сите возрасти, индивидуална и групна настава, при што се работи во мали групи од 4-8 слушатели за поголема продуктивност и ефикасност кои се според европска референтна рамка, како и дополнителна настава по училишна програма. Исто така се нудат и специјализирани курсеви во областа на бизнис, медицина и туризам.
Се врши подготовка за меѓународните испити по англиски јазик (FCE, TOEFL, IELTS) и по германски јазик (TestDaF, Zertifikat Deutsch, Goethe Zertifikat, Start Deutsch, DSD,Telc, ÖSD).
Специјализираниот центар нуди и преведувачки услуги од македонски на германски и обратно од страна на искусни преведувачи.
Подетални информации за нашите пакети: тука
Каде:
Локацијата се наоѓа во центарот на Скопје (Дебар Маало) и располага за неколку простории кои нудат пријатна и релаксирана работна атмосфера, како и современи услови за работа, аудио-визуелни и технички помагала, компјутери и пристап до интернет во секое време, но исто така на располагање има и сопствена библиотека.