Онлајн настава

  • Сакате да научите стручен бизнис германски јазик?
  • Потребен ви е германскиот јазик на работното место или во секојдневието?
  • Сакате да посетувате курс по германски, но некогаш неможете лично да дојдете на наставата?
  • Сакате да зборувате течно германски со говорник од германски јазично подрачје?
  • Сакате да студирате или работите во Германија, Австрија или Швајцарија?
  • Сакате да имате позитивни резултати на испитот по германски јазик за работа или виза?
  • Потребни флексибилни термини?
  • Сакате максимално да го искористите Вашето време на компјутер?
  • Тоа можете да го најдете само во Висен Шуле!

    Потребно ви е само: интернет конекција, веб камера,микрофон,програма за скајп/вебинар и се разбира ЖЕЛБА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК.Кои се предностите за изучување странски јазик преку вебинар или скајп:

    • Флексибилност – преку видео часовите на скајп можете да учите индивидуално или во мала група (2-4 слушатели), кога сте слободни во договор со професорите.
    • Мобилност – Наставата може да ја следите каде и да сте (дома, на работно место, во воз, автобус, кога чекате на аеродром или железничка станица).
    • Ефикасност – Секогаш ќе бидете во текот со материјалот, и покрај тоа што не можете да бидете присутни на договорениот термин. Часот може и отпосле онлајн да се следи, а сите нејасни прашања ќе бидат дополнително одговорени.
    • Професионализам – нашиот тим се состои од искусни професори.
    • На нашите вебинари можат да се подобрат вашите комуникациски и јазични вештини по германски јазик.
    • На нашите курсеви се фокусираме на различни ситуации на работното место и во секојдневието,и покрај специфичниот вокабулар, исто така се изучуваат граматичките правила, аудио визуелна комуникација, читање и пишани текстови.
    • Со помош на тестирање се одредува нивото и според тоа ве поставуваме на одреден степен/модул (освен ако сте почетник не се извршува тестирање).
    • Освен наставата на скајп/вебинар, се добиваат дополнителни вежби што треба самите слушатели да ги сработат, и кои ќе се проверат на наредната видео средба.
    • Сите материјали ќе ви бидат достапни за усвојување на дадениот материјал и ќе ви бидат на располагање нашите модерни и ефективни материјали за изучување (учебници, онлајн вежби).
    • За формирање една група за на вебинар потребни се мин.5 слушатели.

    Времетраењето и износот на курсот на вебинарот зависи од модулите и нивото:

    • Модул 1 (ниво А1.1 и А1.2) – 42 термини по 90 минути/ износ: 109 евра (по учесник)
    • Модул 2 (ниво А2.1 и А2.2) – 45 термини по 90 минути/ износ: 117 евра (по учесник)
    • Модул 3 (ниво Б1.1 и Б1.2) – 50 термини по 90 минути/ износ: 130 евра (по учесник)
    • Модул 4 (ниво Б1+ и Б2) – 55 термини по 90 минути/ износ: 143 евра (по учесник)

    Резервацијата за учество се добива со исплата на модулот – најкасно една недела пред почетокот на курсот.

    Забелешка: За видео настава преку скајп (индивидуална или во мала група) можете да добиете дополнителни информации за времетраењето и износот.