Бизнис германски

  • Соодветно решение за изучување на германскиот јазик на работа и секојдневие  што помага во комуникација на работни состаноци, службени и приватни средби.
  • Се работи според програмата “Alltag, Beruf &Co.1-6” кај модулите 1,2,3 (ниво А1,А2 и Б1) и според програмата “Im Beruf” кај модулот 4 (ниво Б1+/Б2) која е совршена комбинација меѓу комуникација на работа и приватниот живот.
  • Целната група се сите заинтересирани (18+) кои сакаат да го изучуваат германскиот јазик од професионални / службени причини, пр. за работа во германско јазични компании, за странски соработници на германско јазични претпријатија во Македонија и странство, како и странски соработници во фирми и претпријатија во Германија, Австрија и Швајцарија.
  • На наставата се работи во пријатна и релаксирана работна атмосфера, како и современи услови за работа, аудио-визуелни и технички помагала, компјутери и пристап до интернет во секое време, но исто така на располагање има и сопствена библиотека.
  • Целата програма се состои од 4 модули, зависно од нивото на познавање на германскиот јазик, кое што се води според Европската референтна рамка.
  • Паралелно се изучува е германската граматика која е неопходна за интеракција.
  • На крајот на секој модул се полагаат тестови за утврдување на стекнатото знаење и совладаниот материјал.