Модул 4/ дел 4 (ниво Б1+Б2)

  • На ова ниво можат да се разберат подолги говори или предавања и да се следат отворени и комплексни искази на аргументи, до колку темата е позната во доволна мера. Можат да се разбираат повеќе вести на телевизија и програмите за тековните настани. На професионален план се совладува комуникација на работа,со колеги без поголеми тешкотии, како и разбирање разговор во банка, конфликтни стратегии и разговори, протоколи итн.

  • Со говорната интеракција се совладува комуникацијата со степен на течност и спонтаност што овозможува редовна интеракција со родените говорители, но и учествување во познати контексти, одбранување и објаснување на своите гледишта.

  • При говорната продукција може да се направат јасни и детални описи за широк опсег на теми што се однесуваат на своето поле на интерес. Можат да се објаснат гледишта на одредена тема претставувајќи ги предностите и слабите страни на различните можности, но и давање совети на работното место, реагирање на упатства, водење интервју и консултантски разговори, опис на проблеми, договарање, одложување и откажување на термини, поднесување понуди, телефонско рекламирање и реагирање на рекламација, водење разговор во претпријатија, институции, реагирање во конфликтни ситуации.

  • Кај пишаната продукција се совладува пишувањето на јасен и детален текст за широк опсег на теми што се однесуваат на сопствен интерес. Притоа може да се напише есеј или извештај, да се пренесе информација или да се даде образложение за или против одредено гледиште. Исто така можат да се напишат писма истакнувајќи го личното значење на настаните или искуствата, како и поднесување разни барања, објави, упатства на работното место и во приватниот живот.