Модул 3/ дел 3 (ниво Б1)

  • Со слушањето се совладува разбирање главна суштина на јасен стандарден говор за познати нешта со кои редовно се среќаваме на работа и во слободното време. Притоа се разбира главната поента на многу радио и ТВ-програми, како и известувања за тековните настани од личен и професионален интерес, кога изговорот е релативно бавен и јасен.

  • Со читањето се совладуваат текстови составени главно на често користен секојдневен јазик или јазик поврзан со професијата. Се разбираат описи на настани, желби, чувства, лични и службени писма, налози, понуди, лични и професионални препораки.

  • Со говорната интеракција се совладуваат повеќето ситуации што можат да се појават кога се патува во германско јазични земји. Неподготвено може да се влезе во конверзација на теми што се познати, од личен интерес, од секојдневието и работата (пр. семејство, хоби, работно место, патување, тековни настани).

  • При говорната продукција можат да се поврзат фрази на едноставен начин, за да се опишат доживувања, настани, надежи и амбиции, но и накусо да се објасни и образложи своето мислење, реакција, како разговорно да се прави споредба на економијата и животниот стандард во различни земји, претставување на интервју, комуникација на работното место.

  • Со писмената продукција се совладува пишување на едноставен врзан текст на теми што се познати или се од личен интерес, но и пишување лични писма, опишувајќи доживувања и впечатоци. Исто така од голема важност е и пишувањето на службени писма, препораки, понуди и едноставни договори.