Модул 2/ дел 2 (ниво А2)

  • На ова ниво се разбираат фрази и најчесто користени зборови што се однесуваат во областа од најнепосредната лична важност (пр. најосновни лични и семејни информации, локална околина, вработување, карактеристики на работно место, опис на изглед, активности во секојдневниот живот и слободното време).

  • При читањето се разбираат куси и едноставни текстови, наоѓање на конкретни предвидливи информации во секојдневни материјали како: реклами, проспекти, менија, возни редови, како и куси лични и службени писма и е-маил.

  • При говорната интеракција се совладува комуникација во едноставни и рутински задачи кога се бара едноставна размена на информации за познати теми и активности. Притоа може да се учествува во многу куси социјални конверзации и искажување на активности во минатото.

  • При говорната продукција можат да се користат низа фрази и реченици за да се опишат, со едноставни зборови, луѓе во непосредна близина, животни услови, образование, сегашно и скорешно вработување.

  • При пишување се совладуваат куси едноставни белешки и пораки кои се однесуваат на нешта од областа на непосредна потреба, како и пишување на кусо лично писмо или е-маил во форма на благодарност, кратко известување и барање.