Модул 1/дел 1 (ниво А1)

  • На ова ниво се совладуваат основните фрази за себе, непосредната околина, на работа, како и зборови и поедноставни реченици на известување, временски планови, службено патување, однесување во ресторан

  • Делумно се совладува говорната интеракција при што може да се комуницира на едноставен начин ако соговорникот е подготвен да повтори и преформулира со побавен изговор. Со ова може да се постави и одговори на едноставни прашања од областа на непосредна потреба или за нешта што ни се познати во секојдневната работа и приватен живот.

  • Со говорната продукција се совладуваат едноставни фрази и реченици за да се опише местото на живеење, луѓето што ги познаваме, претставување на работното место, како и договарање и планирање на термини и состаноци на основен начин.

  • Се совладува пишување на куси и едноставни разгледници, како и пополнување на формулари со лични податоци.